Управата за јавни приходи ја објави првата должничка листа за оваа година.
И повторно илјадници должници со милиони долгови.
Прв „забетониран“ на црната листа на УЈП е охридски Отекс. Таа компанија има долг кој надмина 930 милиони денари.
Втор на листата останува Ел Дон Кастило Ангел ДООЕЛ Експорт Импорт Скопје со долг над 452 милиони денари а речиси идентична сума должи и Индустрија Ел Азтека ДОО Скопје.
“Македонијапат“ е меѓу јавните претпријатија кои се должници на УЈП и моменталниот долг на таа државна фирма е 295 милиони денари.
Целата листа на должници на УЈП може да ја видите на следниот ЛИНК.