„Им дадов 20 илјади евра да ја довршат куќата, тие ме излажаа и ги потрошија“-Taња Савиќ открива зошто не зборува со родителите

ИЗВОРnovlist.mk
|

Српската пејачка Тања Савиќ со години не зборува со своите родители, бидејќи тие ја измамиле за пари.
Пејачката им дала 20.000 евра да ја завршат куќата која ја почнале, а тие ја излажале и ги потрошиле.
Тања Савиќ се оттргна на страна од своите родители, а за тоа сведочи и фактот дека сите пари ги вложува во кариерата, а ним не им дава ниту за лекови.
Тања ретко ги посетува бидејќи е посветена на сопругот и децата. Нејзината мајка Живана за српските медиуми проговори дека се кае што за својата ќерка изјавила дека е лажга и лош човек.

– „Редовно се слушам со Тања. Ние две не се каравме многу. Човек понекогаш може да избувне во незгоден миг, но сега сѐ е во ред. Во секоја куќа има кавги и смирувања. Се каам поради некои работи, но таков е животот, сега се е одлично. Се слушаме за време на викендот, а понекогаш и се посетуваме. Бев неколку пати кај неа во Белград, а некогаш таа ги носи синовите во Радинац.“

Таа тврди дека пејачката не им испраќа пари иако се тешко болни.

–„Со здравјето не сум најдобро, но туркам. Имам проблем поради зголеменото ниво на шеќер и притисок. Примам терапија, но се сама финансирам, без помош од Тања. Не може да ми плаќа затоа што има свое семејство. Таа има свој живот, ние наш. Ќерката со години не ни дава пари, ниту и бараме, изјави Живана.“

Тања не сакаше да даде никаква изјава и кажа дека за своите родители повеќе не сака да коментира.