Гордана Станковиќ Марановиќ 36 години работела во Германија, од каде дошла во Србија за да си подигне надгробна плоча. Тука ништо не е толку чудно, ако Гордана не оставеше малку бизарна порака до своето семејство и тоа врежана во надгробната плоча:
„36 години во Германија работев многу, тагував, плачев за татковината, семејството, за своите кои ги сакав повеќе од себе. Денеска 3 години во татковината за коja живеев, ми велат дека ги мразам и дека сум злобна жена и дека тоа се гледа во моите очи.
Затоа си го кревам сама споменикот зошто тие не се должни на таква жена да и прават спомени која им нанела толку зло. И покрај се ќе ги сакам и кога ќе умрам“, им порачала Гоца на роднините.