Има 104 години и се занимава со тетовирање – Бабичка зрачи со љубов и живот

|

Баба од Филипините, по име Ванг Од Огеи, стана вистинска сензација на социјалните мрежи откако туристите објавија видео на кое таа ги тетовира.

Веројатно на прв поглед нема да ви биде ништо необично во тоа што жена тетовира, и покрај тоа што има навистина необичен метод на тетовирање, сепак луѓето се повеќе шокирани од нејзината возраст.

Огеи е всушност најстарата мајстор за тетоважи или „мамбабаток“ како што ја нарекуваат во Калинга, областа во која живее, затоа што има дури 104 години а живее како да има 20.

За неа тетоважите се симбол на силата, храброста и убавината, а ги прави со стап од дрво „каламанси“, познато и како филипински лимета.

Таа прави сè, од многу едноставно, како една буква или број, до покомплицирани, уметнички претстави, но најчесто луѓето бараат некои симболи на природата карактеристични за Филипините.

– Моите тетоважи се пораки од боговите кои не штитат од непријатели и лоша енергија – изјави таа во интервју за Би-Би-Си во кое откри дека член на семејството и помага во работата бидејќи техниката на тетовирање ја пренесуваат исклучиво во семејството.

Таа ја стекна својата сегашна популарност благодарение на една девојка која го сними процесот на тетовирање и го објави на социјалната мрежа ТикТок.

Неверојатно е да се види колку живот има во оваа жена и со каква љубов за животот зрачи!

Видеото погледнете го со клик ТУКА.