Има 51 година, а мажите се уверени дека е двојно помлада

ИЗВОРСкопје24
|

На Инстаграм ја следат 26.000 луѓе, жените ѝ се восхитуваат, а мажите воздивнуваат по неа. Лаура Хејкила има 51 година, а заради неверојатниот изглед ѝ се додворуваат и помлади момчиња затоа што мислат дека е двојно помлада. Меѓутоа, тоа не е тоа што најмногу ѝ годи.

Таа е посветена на промоција на здравиот начин на живот и многу е успешна во тоа.

Ready, set, go!…My tips for getting started below. .So I was thinking after I got done talking to a client today at…

Gepostet von Ageless Women Society am Mittwoch, 22. Mai 2019

Лаура Хејкила живее во Калифорнија и се занимава со фитнес. За овој спорт се одлучила кога останала бремена со ќерката Џејден пред 16 години.

Сфаќајќи дека не може лесно да ги изгуби килограмите почнала да вежба поинтензивно.

На Инстаграм ја следат 26.000 луѓе кои веруваат дека нејзиниот труд може да се забележи и дека и тие би можеле да направат такво нешто од нивните животи. Жените ѝ се восхитуваат, а мажите воздивнуваат по неа.

Според нејзините зборови, на нејзиниот профил на Инстаграм не ѝ пишуваат само луѓе кои ја следат нејзината програма за вежбање.

Таа тврди дека добива пораки и од додворувачи, но дека тоа не ѝ претставува проблем со нејзиниот сопруг со кој е во брак провеќе од 20 години.

Мажите, меѓу нив и оние кои се многу помлади, ја прашуваат дали навистина има 50 години и дали излегува на состаноци со помлади од неа. Тие ѝ објаснуваат дека таа изгледа како да има 20 години.

The best thing I ever did in life was become a momma! Love this girl with every ounce of my being. Happy Mother's Day…

Gepostet von Ageless Women Society am Sonntag, 12. Mai 2019

Таа на тоа одговара дека на нејзиниот сопруг не му се допаѓаат такви прашања.

Лаура има 49 килограми и носи облека со конфекциски број 36. Таа изјавила дека секогаш не се грижела за своето здравје затоа што била слаба.

За неа упорноста е клуч на успехот. Со гордост признава колку години има.

„Се чувствувам добро во својата кожа и се гордеам кога треба на луѓето да им кажам колку години имам. Моето тело само покажува дека се грижам за своето здравје“ – изјавила Лаура.

Нагласила дека нејзиниот партнер е среќен што има жена каква што е таа.

The best thing I ever did in life was become a momma! Love this girl with every ounce of my being. Happy Mother's Day…

Gepostet von Ageless Women Society am Sonntag, 12. Mai 2019

„Мојот сопруг се гордее што имам “фит“ фигура и навистина нема никаков проблем со тоа што добивам внимание од другите мажи, особено откако почнав да бидам активна на Инстаграм кој што понекогаш делува како страница за запознавање со луѓе, со оглед на пораките кои ми пристигнуваат“ – изјавила Хејкила.

Таа е член на заедницата „Ageless Women“, а со својот ангажман и објавите на Инстаграм се обидува да ги инспирира другите жени да живеат здраво и да се чувствуваат добро без оглед на годините кои ги имаат.