Има се, може се: Синот на Лепа Брена вложува пари во огромна инвестиција

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ пред некое време се исели од луксузната вила на Бежаниска коса, а сега живее сам во стан.

Меѓутоа, како што пишуваат медиумите Живојиновиќ планира да вложи пари во нова инвестиција односно во хотелиерство на Копаоник. Како што пишува „Блиц“, пејачот сака да купи цел имот каде што со соработка со архитетки ќе смисли како ќе изгледа хотелот.

„Стефан оваа замисла неодамна ја соопшти на неговите родители, Брена и Бобо кои одлучија да го подржат. Генерално, Живојиновиќ се големи домаќини и угостителството им оди од рака. За разлика од Виктор кој секогаш сонуваше за ресторани, Стефан го интеренсираа хотели, спа центри и туристички објекти“ вели пријател на Стефан и додава:

„Стефан неодамна одмараше на Копаник, а тоа е една од неговите омилени дестинации и се распрашуваше за имотот кој се продава. Бидејќи сака неговиот дел да биде во мирно место, опкружен со шума и со голем двор во кој може да смести базен, еден од агентите му покажа три локации“ вели изворот.

Стефан не се огласи по повод овие пишувања.

За потсетување, неодамна во медиумите кружеа гласини дека наводно Лепа Брена ја продава вилата на Бежаниска коса каде што живее со сопругот и Виктор.