Празничната сезона е секогаш стресна, како за домашниот буџет, така и поради подготовките и еуфоријата. Фенг шуи не само што помага за уредување на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди совети како да ги украсиме елкатата, новогодишните и божиќните украси за да се создаде позитивна енергија во нашиот дом.
Ако мислите дека не е важно каде ќе ја ставите елката и како ќе ја украсите, се лажете! Место за новогодишна елка според фенг шуи е исклучително важно бидејќи ќе внесе хармонија во домот.
Експертите за фенг шуи предлагаат да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година:
Исток (здравје и семејство), Југоисток (пари и изобилство), Југ (слава и репутација).
Освен што ќе изберете поволно место, украсете ја со бои кои ќе ви донесат подобра кариера, повеќе здравје, љубов и благосостојба.
Еве кои бои се најдобри за елката:
Северна страна (за кариера) – закачете лампиони во сина, сива, црна и бела боја ако елката ви е на север, бидејќи тие симболизираат вода и метални елементи.
Западна страна (креативност) – додадете бои како сиви и земјени тонови кои ќе станат ваша креативна страна.
Североисточна страна на елката (за самодоверба) – се препорачуваат украси во црвена, розова, жолта и земјени тонови. Овие бои симболизираат оган и земја и се одлични за градење на личноста.
Северозападна страна (за поврзување и комуникација) – истите бои и украси што ги користевте за западниот дел за да изградите подобри односи со другите во наредната година.
Југозападна (за љубов) – украсете го овој дел од елката со истите елементи како североистокот и надеж за години на љубов.