Имајте ја оваа билка во аголот од секоја соба: Верувањето вели дека привлекува среќа и благосостојба

|

Според фенг шуи верувањата, оваа билка е магична и добро е да се има во домот.

Се верува дека таа привлекува среќа, пари, добра судбина и просперитет во домот, а доколку ја ставите на вистинското место, ќе биде вистински магнет за позитивна енергија.

Со ставањето на среќниот бамбус во секоја просторија во вашиот дом ќе привлечете благотворна енергија – но, само ако ги следите проверените совети на експертите за фенг шуи.

Бамбусот стотици години е познат како „среќна билка“. Потекнува од тропските краишта и е член на семејството лилјани. Станува збор за прилично цврста и отпорна билка, што ја прави идеална за чување во затворен простор.

Кога станува збор за фенг шуи, бамбусот е едно од најпопуларните растенија за повторно активирање на „заспаната“ енергија, односно енергијата која стагнира во домот. Се верува дека бамбусот го подобрува протокот на добра или позитивна енергија, исто така позната како поволно „чи“. Освен тоа, според верувањата, бамбусот штити од болести и од зли сили.

Па така, не е ни чудно што луѓето ширум светот чуваат среќен бамбус во своите домови, па дури и на своите работни места.

Каде треба да го поставите бамбусот?
Обично, бамбусот се поставува во источниот или југоисточниот агол на собата. Меѓутоа, не сте ограничени на овие две места. Всушност, оваа билка можете да ја поставите и во јужниот дел на вашата дневна соба – но, важно е местото на кое стои да биде некој агол.

Најдобро е да се чува во просторијата каде што поминувате најмногу време, а доколку е возможно, пожелно е да имате по еден бамбус во секоја просторија.

Нега
Добро би било местото каде што стои бамбусот да има директен извор на сончева светлина. Наместо земја, користете грагор или ситни камчиња и вашата билка ќе ви биде повеќе од благодарна.