Имаш 30 години, зависиш од родителите, не сакаш да работиш и им се смееш на оние кои земаат мала плата

ИЗВОРСкопје24
|

На сите многу добро ни е позната реченицита :“Учи сине за да не работиш”. Реченица која секој родител му ја има кажано на своето дете.

Една од најтешките обврски во денешницата е да најдеш работа. Особено ќе имаш среќа ако најдеш работа за она што си го учел, па уште и да бидеш доволно платен за тоа.

Денешната младина, е особена таа која ја бира работата. Не сакаат да работат било што и било каде, туку токму она за што имаат учено.

Емилија од Ѓорче уште пред четири години има завршено економски факултет. Една година седела дома без работа, а потоа почнала да работи во бурекџилница.

-Кога седев дома се чувсвував како паразит. Дека од мене нема никава корист. Ми беше срам да барам пари на родителите. Почнував да паѓам во депресија бидејќи немав работа. Почнав да барам работа според струката, но залудно беше. Аплицирав на секој можен оглас. Но, залудно, никој не сакаше да ме вработи бидејќи немав искуство. На крај, се помирив со фактот и започнав да работам во бурекџилница. Работев во три смени. Воопшто не беше лесно, но јас имав свои пари. Се увствував поубаво. Не зависев од моите. Не барав 100 денари за кафе или пак 50 денари за карта во автобус, раскажува Емилија.

Емилија дури после две години работа во бурекџилница, наоѓа работа како економист во една скопска фирма за 200 евра плата. Вели дека веќе една година работи за тие пари.

-Ми е криво да, ама тоа е што е. Барам во меѓувреме и друга работа. Добро е тоа што имам само искуство, кое ќе ми биде потребно за во иднина, вели таа.

Емилија вели дека околу себе има многу млади луѓе кои воопшто не сакаат да работат.

-Имав дечко подолго време. Тој има 30 години. Не сака да работи било што. А не знам што сака да најде, кога има завршено средно гимназија. Живее со своите и зависи од нив. Ги троши нивните пари, а постојано ги омаловажува они кои работат за мала плата. Видувањата ни беа сведени на тоа дека јас не сум нормална што работа за 200 евра плата и дека тој никогаш нема да работи под 400 евра. Затоа и веќе не сме заедно, додава Емилија.

-И не само за него, многу мои другари, чекаат работа според струката. За нив е омаловажување да се работи било што или пак за мала плата, вели таа.

Зависат од родителите. Бараат за основни работи од дома, без да сакаат да се помачат за сопствениот денар.