На секого од нас ни случило да имаме толку голем љубовен проблем што едноставно самите не би можеле да го решиме, без претходно да се консултираме со најдобриот пријател. Но, нешто на коешто посебно треба да се внимава е од кого ќе го побараме тој совет, од причина што не секој заслужува да го слушне проблемот, но и да знаеме од кого ќе добиеме совет кој навистина ќе ни биде од помош.
Помеѓу сите, ова се сепак хороскопските знаци кои даваат најдобри љубовни совети.
Риби
Рибите навистина можат да ви помогнат со своите совети, без разлика дали станува збор за чувства кон поранешниот или сегашниот партнер. Бидејќи се воден знак, тие многу добро знаат како е кога чувствата нè преплавуваат. Потпирајќи се на интуицијата, пријателот или пријателката во знакот Риби ќе ви понуди неколку решенија што можете да ги испробате кога ќе имате некаков љубовен проблем.
Стрелец
Стрелците не се многу познати по тоа што им придаваат големо значење на чувствата. Сепак, тие се едни од најискрените хороскопски знаци, па бидете сигурни дека тие ќе ви кажат што точно мислат. Ако мислат дека ви треба пауза од партнерот, па дури и раскинување, нема да се двоумат дали да ви го кажат тоа. Ако раскинете, први ќе ве однесат на некоја забава за да „заборавите“ на грижите.
Девица
Девиците се секогаш одлични советници – не само за вашите љубовни проблеми. Без разлика дали станува збор за љубовна, животна или деловна одлука, тие се тука за вас. Тие ќе обрнат внимание на секој детаљ што ќе им го кажете и веројатно ќе можат да „читаат меѓу редови“. Секогаш е важно кога некој од страна знае да ја согледа ситуацијата, а Девиците се многу добри во перцепирање и имаат силна интуиција и заштитничка природа.