Имате премногу мраз во фрижидерот, ова е решението

|

Доколку имате постар модел на фрижидер, како минува времето мразот ќе се акумулира се повеќе. Оваа појава може многу да ве нервира , а често се случува, особено ако фрижидерот кој го користите со години собирал мраз истиот да се врати само неколку дена.

Во овој случај едноставен трик кој многу може да ви помогне – е масло. Постапката е многу едноставна. Како и обично, одмрзнете го фрижидерот, а потоа добро измијте го и избришете го со сува крпа. Откако ќе завршите со ова истурете малку масло на парче памук или стара крпа и избришете ги ѕидовите на фрижидерот.

Тоа е се што треба да направите. Вклучете го фрижидерот и ќе видите дека во наредниот период ќе се формира многу помалку мраз од претходно.