Имате стар леб кој сакате да го искористите? Ви носиме брз и едноставен рецепт за пица

|

Некогаш ни се случува да ни остане стар леб, а доколку сте ги потрошиле сите ваши идеи како да го искористите, ви носиме една што особено ќе ви се допадне, ако сакате пица.

Пицата направена од стар леб може да биде вашиот нов омилен начин за негово трошење.

Со овој едноставен рецепт, брзо ќе добиете ужинка која ја сакаат сите, а притоа нема да мора да трошите време за подготовка на тесто.

Состојки: – 1/4 шолја млеко, по потреба и повеќе – за омекнување на лебот

– сос од домати – оригано – пармезан – моцарела – маслиново масло – босилек.

Подготовка: Наредете ги кришките стар леб на плех со хартија за печење на дното. Потоа, секое парче премачкајте го со млеко за да омекне (ако лебот ви е свеж, можете да го прескокнете овој чекор). Додадете сос од домати, па сирење и прелив по желба (ако сакате шунка, зеленчук или слично), потоа додадете маслиново масло и оригано. Ставете ја пицата да се пече на 180 степени 20 минути или додека кашкавалот не се растопи и добие златно-жолта боја.

Покрај закуска, пицата од старо леб може да се користи и како додаток на други јадења, а сигурни сме дека ова ќе биде омилен избор на вашите деца.