Името на МАНУ ќе се менува. Треба да се одлучи дали ќе биде „Национална академија на науките и уметностите“, или ќе се додаде додавката, на Северна Македонија, објави Телма.
Премиерот Зоран Заев изјави дека разговорите за преименувањето на МАНУ, течат добро. Преименувањето ќе се случи, вели Заев, и додава дека е многу важно како е регистрарана Академијата секаде низ светот и, како што кажа, пријателите од Грција тоа да не го спорат. Во меѓувреме се работи на преименување на 136 државни институции, според одлуката на владата донесена на последната седница во вторникот.
И ПАРИТЕ ЌЕ ГО ДОБИЈАТ НОВОТО ИМЕ- ПРВИТЕ ПРВОМЕНА НА БАНКНОТИТЕ ОД 50 И 100 ДЕНАРИ
Од наредната година банкнотите со новото име Република Северна Македонија, а старите банкноти ќе имаат важност од пет години.
Ваквата одлука беше објавена во во Службен весник, а потпишана од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска. Најпрво ќесе врши промена на банкнотите од 10 и 50 денари кои ќе го добијат новото име на Народната банка. Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.
Народната банка на Република Северна Македонија треба да направи анализа и план односно да ги утври неопходните активности за постепена замена на банкнотите, при тоа водејќи сметка за макроекономската стабилност.
На почетокот на 2020-та година се очекува промената на првите нови банкноти и потоа, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.