Откако ја поставија „турата кај Атиџе“ на „Групер“ – Се јави и „Ина Многуфина“ со остар коментар

|

На Групер пред некој ден осамна нова понуда – Организирана пешачка тура до домот на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”, од селото Дорфулија, до селото Бекрилија, каде пчеларката ги пречекува гостите со кафе.


Според Туристичката агенција ,,Enjoy Balkans” замислата е да се организираат туристички тури до домот на Атиџе, со цел да се промовираат убавините во овој дел на земјава, но и да и се помогне финансиски на Муратова. Замислено е таа да ги пречекува гостите со турско кафе, па им гледа и гата во филџан и да се дружат со неа.

По ова, имаше бројни реакции на социјалните мрежи. Се јави и „Ина Многуфина“, која прилично револтирано реагираше:

„Атиџе, жената што не престави на Оскарите, да ви гледа на кафе, на рандом ескурзии… лешинари“!

Доскорешната Министерка за финансии Нина, која е сопственичка на „Групер“ засега одлучи да ја премолчи критиката и засега е без јавен коментар, а турата веројатно се одвива според замислата.