Инцидент на Лефкада: 4-годишно дете проголтало две оси

|

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“.

На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница.

Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција.

Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите.