На грчкиот полуостров Халкидики утрово се застрелани двајца Македонци. 39 годишен маж кој според неофицијални информации бил сопственик на казино бил застрелан со најмалку 20 куршуми.
Убиство се случило во раните утрински часови во Ханиоти, Халкидики. Конкретно, околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен бил мртов на лице место, а неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив.
Полициската управа Полигирос спроведува прелиминарна истрага.
Според грчките медиуми починатиот маж бил на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на лице место.
Медиумите во Грција информираат дека починатиот 39 годишен маж е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.