Инспекцијата на терен: Низ големите маркети се проверува дали цените на над 50 производи се намалени

|

Министерот Крешник Бектеши денеска излезе во контрола на маркетите за да види и да се увери дали на терен се спроведува владината одлука за замрзнување на цените.

Од вчера 50тина производи се под мраз, а за да им биде појасно на граѓаните кои артикли се опфатени со поевтинувањето тие треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува „Гарантирана цена“.

Граѓаните и денеска реагираат дека намалувањето е мало бидејќи како што велат претходно се дозволи енормен пораст, па сегашните десет отсто речиси и да не се чувствуваат во семејниот буџет.

Бектеши рече дека инспекциските тимови уште вчера излегле на терен во проверка кај големите ланци на маркети. Тој тврди дека одлуката за „гарантирана цена“ на прехранбените продукти била донесена по предходна консултација со првите луѓе на Стопанските комори и дека голем дел од нивните предлози биле прифатени.