Интересни случувања со посебна личноста девиците, напорен ден за биковите – Дневен хороскоп (28.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е да продолжат финансиските промени. Не би требало премногу да се грижите. Препорака е да го направите првиот чекор кон лицето кое ви се допаѓа, не чекајте тоа да ви пријде.

Бик (21.04 – 21.05)

Вие имате многу деловни обврски денес и би требало до максимум да им се посветите. Ве очекува напорен ден. Можно е љубовта денес да не ви е приоритет, но саканото лице нема да ви замери.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Нема причина за грижа, деловната ситуација ви е стабилна. Имате добри аспекти. Вашиот партнер покажал иницијатива и среќни сте поради тоа. Се чувствувате убаво во неговото присуство.

Рак (22.06 – 22.07)

Размислувате за деловните промени кои сакате да ги спроведете во дела. Ќе ви биде потребно време се да реализирате. Можно е некоја личност од вашето минато да биде упорна во обидите да биде со вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате поддршка од страна на работното опкружување за вашите проекти. Можете да се надевате на позитивен ден. Ве очекува комуникација со личноста која е ваш потенцијален иден партнер.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе уживате во мирниот ден кој е пред вас. Нема причина да се грижите премногу за работата. Опуштете се. Доколку сте слободни можете да очекувате ново познанство. Пред вас се интересни случувања со личноста која е многу посебна за вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да добиете добар совет од срана на некој пријател. Можете слободно да се потпрете на блиските лица. Ќе се појави некое ново познанство. Не сте сигурни дали сте подготвени за нова љубов.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можете да се надевате на некоја прилика за хонорарна или дополнителна работа. Вашата заработка би можела да се зголеми. Во моментот балансирате меѓу две лица. Добри се во тоа, но наскоро ќе морате да се одлучите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сакате да се откажувате од своите идеи. Подготвени сте да се борите за она што сметате дека е важно и вредно. Доколку сте слободни денешниот ден е претставен како многу интересен.

Јарец (22.12 – 20.01)

Поволен ден ако се занимавате со приватна работа. Можете да очекувате зголемување на обемот на работа и заработка. Доколку сте во брак можете да очекувате добар ден. Со саканото лице ќе бидете среќни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Склони сте на донесување на нагли одлуки, поведете сметка тоа да не ви се одбие од глава. Размислете за бракот и сериозните чекори на љубовен план, но прашајте дали вашиот партнер е подготвен за тоа.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу е важно да имате доволно трпение и да оставите некои работи да се одвиваат по својот тек. Ви се допаѓа лицето кое делува претерано сериозно и малку дистанцирано. Тоа сепак нема да ве спречи да му пријдете.