Претходниве денови во САД стана хит огласот за продажба на Југо од 1988-ма година во близина на Вашингтон.
Ова Југо не би било толку посебно доколку не беше целосно ново, бидејќи има поминато само 753 километри откако е направено пред 31 година.
Продавачот е свесен колку е редок овој примерок на возило, кое повеќе не се произведува, па затоа бара 9.000 долари.
Во огласот се наведува дека „било паркирано и заборавено сè досега“, дека е добро заштитено и „пазено како бебе“, но дека му е потребно мало среудвање за да се врати на пат.
Сепак, и понатаму ја поседува оригиналната заштитна фолија на вратите и на појасите за врзување.
Продавачот наведува дека е подготвен да преговара околу цената, но истакнува дека за осум години на пазарот во САД се продадени само 140.000 единици.
„Ако го пропуштивте во 1988-ма година, не го пропуштајте и сега“, заклучил сопственикот.
На фотографиите може да се забележи дека Југото нема ниту една гребнатинка на каросеријата.