Инвестирани преку 50 милиони евра во патишта во Истокот за регионално поврзување со Бугарија

ИЗВОРНов Лист
|

При денешната посета во општина Делчево министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна, „Создаваме комплетна слика за патната инфраструктура во Истокот, инвестираме преку 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во нова патна инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија“.

Министерот потенцираше дека сите регионални правци се рехабилитирани во Источниот дел на државата за да се создадат услови за економски развој на пограничните општини како и отворање на нов граничен премин со Бугарија.

Благој Бочварски министер за транспорт и врски изјави: Изграден е првиот дел од експресниот пат Штип – Кочани, се гради и вториот дел кој е значаен за цела Источна Македонија и за поврзување со Бугарија. Ја реконструиравме обиколница Кочани, потоа регионалниот пат од Кочани до Делчево. Во Делчево ги реконструиравме сите регионални правци, го реконструиравме и патниот правец од Берово до Клепало каде создаваме можност за отворање на нов граничен премин со Република Бугарија и каде имаме заеднички интереси. Даваме комплетна слика на патата инфраструктура во Истокот, инвестираме околу 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу двете страни на границите и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во патната инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат од Делчево преку Бигла до Виница. Министерот Бочварски потенцираше дека ова е многу важен проект за жителите од Делчево, Виница и неколку населени места што гравитираат околу овие општини. Инвестицијата е вредна 1,3 милиони евра.

За општина Делчево, реализираните проекти значат подобра економска поврзаност со пограничните општини од Република Бугарија.

Претходно, министерот оствари средба со градоначалникот на која разговраа за реконструкција на неколку локални улици во општината преку проектот за санација и изградба на локални патишта кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски.