Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер, исцелител и просветител на македонскиот народ. Именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…
Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија.
Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот.
Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни.
Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.