|
Се трага по исчезнатото лице Блаже Поповски, за кого неговите најблиски пишуваат дека има Алцхајмер деменција и замолуваат доколку некој го види, да пријави. Утрово во Влае го снемало.
Апелот го споделуваат на социјалните мрежи. Неговото семејство апелира ако некој го види да го задржи и да се јави на 071 238 101.
Инаку пред два дена во билтенот на МВР беше објавено дека во Полициската станица Мирковци во 21.00 часот било пријавено исчезнато лице.
Д.Б.(39) од с.Бразда, скопско, пријавил дека од с.Бразда се оддалечил неговиот братучед Љ.Б.(35) од с.Бразда, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.