Исчезна сликата на Исус од 450 милиони долари која ја купи принцот Мухамед: Еве што се крие зад тоа (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи, инаку најскапата слика некогаш продадена, исчезна!

Сликата во 2017 година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари, а требало да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби.

Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи.

Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.

Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жестоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати.

За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе.