Исчистете ги валканите фуги без напор – рецепт за лесна смеса

ИЗВОРНов Лист
|

Плочките иако лесни за чистење, честопати се јавува проблем со собирање на нечистотијата во просторот меѓу нив, односно фугите. Сигурно се прашувате како најефикасно да ги отстраните наталожените наслаги и да имате чисти фуги?

Повеќе вредни домаќини и домаќинки го пробаа подолу предложениот рецепт за домашно средство за чистење, па пробајте да ги исчистите и вие, фугите со средство кое ќе го направите дома, на природен начин и без хемикалии.

Потребни состојки за средството се: 7 чаши вода, 1/4 чаша киселина, 1/3 чаша свежо цеден сок од лимон, 1/2 чаша сода бикарбона, шише со распрскувач
четка за отстранување на нежистотии.

Подготовка и употреба:

Измешајте ги сите состојки во кофа, а потоа за најлесно распрскување дел од течноста турете во шише со распрскувач.

Испрскајте убаво на местата каде сакате да ги чистите валканите фуги, а потоа со помош на мала четка (може да користите и четка за заби) и добро исчеткајте ги.

На крај, исплакнете со топла вода или пребришете со сува крпа, а резултатите треба да бидат видливи веднаш.