Исчистете ги венецијанските ролетни за час: Ви треба една состојка, која веќе ја имате

|

Чистењето на венецијанските ролетни во затворен простор обично е голем проблем, но имаме одличен трик како да ги исчистиме лесно и без да шириме прашина.

1. Отворете ги ролетните до крај. Избришете го секој ред со превиткана антистатичка крпа за прашина или крпа од микрофибер. Погрижете се да ја поминете целата лента со крпа за најдобар ефект.

2. Направете средство за чистење од 2 dcl вода и 2 dcl алкохолен оцет. Истурете ја течноста во шише со распрскувач. Ставете стар чорап на раката, испрскајте ги венецијанските ролетни со овој производ и потоа избришете ги со крпа.

На крајот, избришете ги прозорците со средство, особено аглите за да ја отстраните целата прашина или нечистотија.