Исчистете ја рерната без мака – Ослободете се од тврдокорните маснотии за миг без хемикалии

|

Чистењето на рерната е мака, особено ако не сте биле претпазливи, па вкусната храна што вриела во тој дел од шпоретот испрскала на грејачите и на sидовите на рерната.

Силни хемикалии често се препорачуваат за чистење на рерната, но многумина од нас не сакаат да ги ставаат таму каде што подоцна ќе прават храна.

Пробајте го овој трик, тој е многу едноставен и користи работи што веќе ги имате во кујната! Загрејте ја рерната на 120 Ц, наполнете голем плех со топла вода до три четвртини и ставете го на средната решетка.

Затворете ја рерната и оставете ја тавата внатре најмалку 15 минути. Водата ќе испари и ќе ги раствори наслагите од остатоци од храна. Исклучете ја рерната, почекајте да се излади доволно за да можете безбедно да ги допирате sидовите, буквално само да е топла.

Во преостанатата вода во садот додадете малку течност за миење садови и потоа избришете ги sидовите на рерната со сунѓер.