Од месец Април оваа година оние граѓани кои се исклучени од парно греење нема да плаќааат никаков надомест, а сметката ќе се намали на оние кои се приклучени. На овој начин се доаѓа до решение да се намалат трошоците на оние кои што ја користат оваа услуга –рече пратеникот Диме Велковски.
Со оглед на тоа дека процентот на данокот на додадена вредност го намалуваме од 18 отсто на 5 отсто доаѓа до уште поголемо намалување на сметките на корисниците на парно греење.
Ова воедно истакна пратеникот Велковски е исполнување на ветувањето кон граѓаните од страна на Владата и парламентарното мнозинство, но и поддржано од страна на опозицијата.