Искрена исповед: Емотивно писмо во кое ќе се пронајде секоја мајка

ИЗВОРСкопје24
|

Знам дека реков дека денес ќе ја исчистам кујната. Па можеби ќе бидеш изненаден кога ќе се вратиш дома и ќе видиш дека кујната всушност не е чиста. Мајка со искрен текст за хаотичниот живот со три мали деца привлекува внимание на интернет. Во пораката која Џордан Харел ја напиша за својот сопруг, таа објаснува зошто и покрај тоа што била дома во текот на целиот ден, не успеала да го среди нередот кој децата го оставиле во кујната.

Ова е писмото во кое ќе се пронајдат сите мајки на мали деца:

Драг сопругу,

Знам дека реков дека денес ќе ја исчистам кујната. Па можеби ќе бидеш изненаден кога ќе се вратиш дома и ќе видиш дека кујната всушност не е чиста. Би сакала да ти понудам објаснување…

Прво, влегов во кујната со единствена цел да ја исчистам. Ги зедов четката за коса и гумените ластичиња од кујнската маса и отидов во бањата за да ги ставам во фиоката.

Додека бев во бањата, забележав еден куп крпи на подот, кои лежеа таму ферментирајќи со денови. Па ги зграпчив крпите и се упатив кон пералната. Кога стигнав таму, решив да ја наполнам машината за перење, бидејќи двете кошници беа преполни и собата мирисаше како спој од урина од мачка и човечка пот. Избрав програма за машината, го затворив капакот и се вратив кон првата задача: кујната. Но, на патот до кујната, ме пресретна детето B. Гладно дете B. Детето и неговото цимолење ме следеа до кујната, каде веднаш му дадов стапче од сирење и му реков да го јаде во гаражата (бидејќи кујната очигледно требаше да се чисти). Кога го видов детето, се потсетив дека сè уште ѝ немам одговорено на учителката за забавата по повод Св. Валентин, па истрчав до компјутерот во спалната соба.

Кога го вклучив компјутерот, детето C влета со врескање, бидејќи му паднала наметката. Ја поправив наметката, но бев доволно брза, па детето инстантно се фрли на подот плачејќи.

Го одведов детето C, кое врескаше и клоцаше, во неговата соба за да го смирам. Излегов и ја затворив вратата, но веднаш се вратив за да му ги извадам каубојските чизми, за да не ја оштети вратата кога ќе започне да клоца.

Тогаш, се упатив кон компјутерот… што ли ќе правев? По 15 минути на Facebook, го исклучив компјутерот. Бидејќи, се разбира, бев сред чистење на кујната. Само што влегов во кујната и го погледнав часовникот на рерната, сфатив дека дојде време за да го земам детето А од училиште.

Па, не. Не е чиста. Ништо веќе не е чисто. Мојот живот е непроменлива состојба на правење работи кои никогаш не ги завршувам.

Сакав само да те запознам со ситуацијата, за да не прашуваш за состојбата во кујната. Не дека некогаш прашуваш.

Те сакам засекогаш,
Твојата сопруга