Мајката на светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, во интервју за хрватскиот весник „Вечерни лист“ буквално си ја отвори душата и раскажа како во животот се борела за своето семејство.
Дијана Ѓоковиќ, во интервјуто раскажува за тешкиот пат кој го поминале за Ѓоковиќ да биде ова што е денес. Како мајка, секогаш била посветена на семејството, па во интервјуто потенцираше дека целиот живот буквално го посветила на децата.
Дијана открива дека всушност ниту таа ниту нејзиниот сопруг не ни помислиле дека Ноле ќе биде светски првак во тенис. Како што вели во интервјуто, најважно за нив како родители било тој да се занимава со спорт, за да израсне во здрав и добар човек. Но откако по некое време, забележале колку е талентиран нивниот син, решиле да се посветат на неговата кариера.
Имено Дијана открива дека на патот кон успехот се соочувале со многу бариери и минувале низ вистински пекол.
Во интервјуто за хрватскиот „Вечерни лист“ мајката на Ѓоковиќ откри дека во еден миг пропаднале толку длабоко, што дошле на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Таа открива дека тие имале фамилијарен ресторан на Копаоник кој всушност бил единствениот избор на пари, а токму таа работела деноноќно за да може да опстане семејството.
– Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Тој тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици.. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари кои ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку – раскажа таа за „Вечерњи лист“.