Искршен автомобилот на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

|

Оштетено возилото на Марија Митева член на Извршниот Комитет и Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата проследена со фотографии од искршеното возило ја објави токму Митева на Фејсбук.

Според неа позадината за оштетување на нејзиното возило е политичка.

„ Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, напиша Митева.