Исплашено мече со скршена нога преминува улица во Маврово (ВИДЕО)

|

На стотина метри од браната Маврово, на патот меѓу Дебар и Маврово е снимено младенче од мечка како преминува улица, пренесува Гостивар прес.

На снимката може да се забележи дека мечето очигледно има скршена нога, бидејќи куцка додека преминува преку патот.

Мечето веројатно е многу гладно, штом ја напуштило шумата и дошло дк браната каде има многу луѓе. Како што се гледа на видеото тоа е многу испашено и од автомобилите, па тоа претрчува по улицата пред самиот автомобил. Погледнете: