Исплата на пензиите: За некого покачување од 700 за некого 3500 денари

|

Од денес, 2 октомври тргнува исплатата на септемвриските пензии за над 330.000 пензионери, иако дел од банките уште вчера започнаа со исплата на пензиите, како што е случајот со Халкбанка.

Согласно методологијата, септември е месец во кој има зголемување на пензиите, а овој септември тие ќе пораснат за 5,3 проценти.

Пензиите ќе бидат зголемени, но не за 6.8, туку за 5.3%. Исплатата започнува во понеделник. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус. Пензионерите, пак, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.додека пензионерите со просечна пензија (која изнесува околу 20.000 денари) на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари.

Со септемвриското зголемување, минималната пензија се зголемува на над 13.000 денари.

Пензионерите се разочарани. Велат дека се излажани и прашуваат што работи работната група кога не им е прифатено ниту едно барање: ниту линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари. Најавија масовни протести.

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Најголемиот дел од нив, над 97 илјади месецот го туркаат со пензии до 13 илјади денари.