Исповед на самохрана мајка од Штип – Ги оставив кондурите на кондураџија па немав пари да ги земам

ИЗВОРСкопје24
|

Марина (42) годишна мајка од Штип со месеци доживувала како што и самата признава голем срам, бидејќи не ни помислувала дека нема да има пари да плати за чевлите кои ги однела на поправка.


Уште во октомври Марина ги однела на кондураџија своите пар чевли, а потоа службено заминала на пат па така и заборавила на нив. Чевлите на поправка останале до декември, а потоа сопственикот на чевларницата одлучил да ја контактира и да ја праша што се случува. Не ни помислил дека Марина нема да има пари за да плати, ниту да знае како да го реши проблемот.


„Јас разбирам дека тоа е негова егзистенција, но дали тој ја разбира и мојата ситуација? Дали повиците два пати дневно беа вредни за таков притисок? Неговата порака гласела:

„Овде е кондураџијата гледам дека не се јавувате на телефон, рековте дека ќе дојдете по чевлите но вас ве нема кажете ми во што е проблемот, вашите чевли кај мене стојат скоро три месеци. Она што јас му го одговорив е следново, но ве молам никој да не ми суди пред да размисли како е да се биде во моја кожа.

„Нема потреба да се лутите, навистина заборавив од многуте проблеми, но кога реков дека ќе дојдам тој ден сфатив дека всушност јас немам пари за да платам. И навистина не е во ред да доживувам ваков срам и пцовки од вас затоа што вие неможете ниту да замислите како е да ги немате тие пари. Очигедно вие не разбирате каков е животот на самохран родител. Утре ја добивам месечната плата, ќе го испратам своето дете да ви донесе пари за чевлите. На вас ви се извинувам, но навистина немаше потреба за ваква постапка, бидејќи ако мислевте да ме посрамотите или да ме понижувате верувајте тоа го доживувам секој ден.“


Мислењата се поделени, а таа додава дека само сакала да ги разбуди срцата на луѓето пред новогодишните празници, и да размислат малку како таа и останатите како неа живеат.