Испробајте трик од пет секунди кој навистина делува: Ќе ве смири по стресен настан

ИЗВОРНов Лист
|

Нашиот организам секојдневно е изложен на стрес поради што нашето тело сака да се опушти. Една ефикасна техника за опуштање, која веќе со векови ја практикува индиската ајурведска медицина, е техника која се однесува на дишењето, кое во стресни ситуации се менува и дополнително ги засилува негативните емоции.

Сакате да ја испробате наједноставната техника на опуштање? Се` што треба да направите е да го набљудувате GIF приказот. Анимацијата прикажува геометриски облици кои постепено се зголемуваат, па потоа се враќаат во првобитен облик.

Набљудувајте ги промените во GIF приказот и обидете се со нив да го ускладите дишњето.

Вежбата започнува во моментот кога геометрискиот облик е сведен на линија и токму тогаш започнува вашето вдишување. Вдишете воздух низ нос се додека обликот на анимацијата се зголемува. Во моментот кога анимацијата ќе запре и ќе почне да се намалува, постепено испуштајте го воздухот низ уста. Веднаш ќе почувствувате подобрување…

Вежбата повторете ја 5 пати, направете пауза од 1 минута, и потоа повторете ја уште 3 пати. Дишењето ја поместува дијафрагмата, а нејзиното движење ги масира внатрешните органи и го подобрува и варењето на храната и работата на бубрезите. Со правилното дишење се исфрлаат то*сините од телото, се подобрува функцијата на нервниот систем и значително се намалува чувството на напнатост, анксиозност и болка.