Истекува рокот за финансиска поддршка од Општина Аеродром

|

Општина Аеродром ја информира јавноста дека утре, 31 март (четврток), е последниот ден за пријавување на двата јавни повика за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата, како и за финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.

Огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“.

Со финансиската поддршка Општина Аеродром очекува да се подобри работата на здруженијата, фондациите и спортските клубови кои придонесуваат за развој на спортот, образованието, културата, како и заштитата.