Истрага за авионот кај Солунска глава: „Цесната“ паѓала како камен и се распарчила

ИЗВОРСкопје24
|

Авионот “Цесна”, со која се превезуваа бизнисменот Георги Бошнаков и неговото семејство, паднал како камен. Ова го рекле извори запознаени со истрагата од прва рака, пишуваат бугарските медиуми.

Меѓу првите впечатоци на вработените од македонската единица за истрага на воздухопловни несреќи, авионот немал косо навалување, карактеристично за слични несреќи, туку се распаднал право надолу кон планинскиот рид каде се распарчал на парчиња. Поради оваа причина основна верзија на истрагата останува техничка неисправност во малиот авион.

Исто така, пилотската грешка и паниката не се исклучуваат како причини за несреќата поради нестабилните временски услови.

Пилотот на цесната која завчера се урна под Солунска Глава побарал и добил дозвола да слета на скопскиот аеродром, но потоа се премислил и најавил дека продолжува со летот кон Софија.

Ова вчера, иако неофицијално, го потврди и Зоран Илиевски, претседателот на комитетот за истраги на воздухоловни несреќи, со што повторно се дематираат шпекулациите дека пилото Бошнаков добил инструкции да слета на друг аеродром.

Кои се причините за падот на Цесната ќе ги испитива Комисија со која ќе раководи Илиевски а во која има и двајца пилоти.

Тој нагласи дека по потреба ќе се ангажираат и надворешни соработници и дека бугарските колеги ќе може да ја следат истрагата.

Увидот на местото на падот, завршил вчера, направи биле над 400 фотографии и снимки со дрон а примероци од горивото биле подигнати и дадени на вештачење. Остатоците од авионот дополнително ќе бидат подигнати бидејќи станува збор за непристапен терен и во моментов се подготвува план.

Илиевски уверува дека временските услови нема да ги компромитираат доказите и потоа евентуалното вештачење.

Снимите и транскрипот од комуникацијата меѓу контролорот на летање и пилотот Георги Бошнаков веќе се побарани и тие треба да дадат одговор на многу прашања поврзани со несреќата.

Клучни ќе бидат временските услови и информациите кои ги имал контролорот и пилотот. Илиевски потврди дека пилотот пријавил дека влегол во турбуленции но се воздржи од било какви дополнителни коментари.

Побарана е и комплетната историја на авионот која треба да ја достават германските власти како и историјатот на летачкото искуство на бугарскиот бизнисмен Бошнаков.

Она што е познато е дека Бошнаков, пред полетувањето самиот го изготвил платот за лет кој го доставил до контролорите за лет и бил информират за временските услови на рутата кон Софија.