Исчезна 27-годишна кумановка – полицијата ја бара

|

Дваесет и седумгодишна кумановка вчера е пријавена за исчезната во Секторот за внатрешни работи Куманово.

– На 09.08.2023 во 17.00 часот во СВР Куманово, Д.Џ. (45) од Гостивар, со место на живеење во Куманово, пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Ј.М.(27), информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.