Пан*емијата со сите свои ограничувања, доведе до значителен пад на бројот на свадби во главниот град на Италија, а сега Вечниот град сака да ја врати својата романтична слава со специјална кампања наречена „Од Лацио со љубов“.
Лацио е регионот во кој се наоѓа Рим, а секој пар кој ќе го одбере главниот град за својот голем ден ќе добие 2.000 евра за да надомести дел од трошоците.
Услов е бракот да биде склучен до 31 декември 2022 година, заклучно со тоа, без ограничување дали младенците се Италијанци или странци.
Доволно е да се прикажат пет сметки, кои можат да бидат за трошоци, како фотограф на свадба, свадбена торта, кетеринг или фустан и костум.
Програмата предвидува буџет од 10 милиони евра – или 5.000 свадби. Рокот за поднесување потврди е 31.01.2023 година или до исцрпување на средствата од програмата.
Според италијанските власти, од почетокот на пан*емијата (скоро две години) само 9.000 парови се венчале во Рим, додека само во 2019 година бројката била над 15.000.