Итно да се активираат стоковите резерви за да се ублажи ударот од нови ценовни шокови, алармираат од бизнис заедницата. Од ССК велат дека Владата веќе доцни со оваа мерка, која тие уште пред еден месец ја побарале. За спас од високите цени излезот го гледаат во зголемување на домашното производство на храна, но и на струја.
Не знам зошто до сега не се активирани. Од мелничарската инудстрија тоа го бараа уште многу одамна, вели Трајан Ангеловски претседател на ССК.
Ангеловски тврди дека компаниите се пдоготвени да инвестираат во обнолвиви извори на струја но државата мора да ги олесни процедурите за добивање на довзоли за фотоволтации.
Вели дека иако тие навреме ќе ја обезбедат целата потребана опрема, потоа трчаат уште три месеци по инситуции за да ги добијат потребните дозволи за производство.