Неодмна во јавноста одекна веста дека младата пејачка Антониа Гиговска и 10 години постариот пејач од Либеро бенд, Иван Јованов се во љубовна врска. До овој заклучок јавноста дојде по објавувањето на фотографиите од кученцето кое Антониа му го подари на Иван.
Оваа вест се рашири со брзина на светлината, а поради истата „гулапчињата“ повеќе не ја кријат својата љубов. Имено, денес на својот Инстаграм профил Иван сподели селфи со Антониа. Облечени во црно и со очи полни љубов позираа. Иван не напиша никакво објаснување, но ова прво селфи за кратко „собра“ многу лајкови.
Парот се заедно повеќе од месец, а Иван на своите блиски пријатели се доверел дека е многу заљубен и се чувствувал како да ја познава Антониа цел живот.
Новопечениот пар и Велигденските празници ги поминал во Битола кај братучед на Иван.
Пред да биде со Антониа, Иван беше во повеќегодишна врска со водителката Јана Сарафимова.