Претставникот на Исламската верска заедница денеска пред медиумите упадот во заедницата им го препиша на политичарите, откако финансиска полиција упадна во седиштето и имаше присусутво на фракционерската група на Скендер Бузаку, кој доби судското решение дека тој треба да биде новиот Реис Улема,
Од ИВЗ рекоа дека Сулејман Реџепи останува поглавар на ИВЗ и понатаму и дека Ријасетот (собранието) тоа ќе го потврди со гласање на сите муфтии од Македонија.
– Не може држава да одлучува кој е Реис Улема Тоа е независна институција. Вакви скандалозни одлуки има само во „Дивиот запад“ и во “држава во која не функционира правниот систем“. Ги повика политичарите да се опаметат, ако не, ќе отидат како тој што избега во Унгарија – рече претставникот на ИВЗ.
„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ, рече пред новинарите Скендер Бузаку, и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“.
Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.
Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од својата фамилија во заедницата и дека поради тоа не очекуваме мирно предавање на функцијата.
Репортерот на Телма, Јулијана Пешевска, веќе информираше дека Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ.
Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.
Одлуката на судот утре ќе биде објавена во Служебен весник на Република Северна Македонија.
Во моеметов и приврзаниците на Реџепи и прврзаниците на Бузаку се во просториите на ИВЗ.
Пристапот на новинарските екипи не е дозволен.