Избегнете непотребни трошоци и штети: Задолжително исклучете ги овие уреди пред да заминете на одмор

|

Дојде и тој период од годината кога температурите го надминуваат и 40тиот степен, па сите го користат својот годишен одмор и одат некаде на летување. Пред да заминете на одмор, пожелно е да исклучите одредени уреди во домот, за да не предизвикате штета или непотребни трошоци во ваше отсуство.

Некои апарати може да се расипат и да направат проблем, некои сè уште трошат електрична енергија иако не ги употребувате, а некои може да не функционираат.

Ова се електронски уреди и апарати што треба да ги исклучите од струја:
Модеми, рутери и уреди кои имаат надворешен полнач: мобилни телефони, конзоли за игри, лаптопи и сите уреди што имаат свој дополнителен полнач треба да се исклучат од приклучокот, бидејќи полначите, без разлика дали уредот работи или не – трошат струја.

Мали апарати за домаќинство: блендерите, тостерите, котлињата, сите апарати со тајмер може да бидат потенцијално штетни додека не сте дома. Затоа е најбезбедно да ги исклучите.

Уреди во мирување: Сите уреди што ги контролирате од далечина не се навистина исклучени и безбедни додека не ги исклучите од напојувањето.

Апарати што треба само да ги исклучите, но не мора да ги извадите од штекер:

Клима: Се што треба да направите е да ја исклучите, не мора да го прекинувате напојувањето.

Бојлер: Сè што треба да направите е да го исклучите бојлерот, исто како кога се туширате.

Иако не станува збор за струја, полезно е пред да заминете на одмор, да го затворите главниот вентил за вода. На тој начин ќе бидете заштитени од каква било поплава во домот.