Избегнувајте го центарот на Скопје – „Рекорд“ ќе биде затворен до 17 часот

ИЗВОРНов лист
|

Поради активностите кои ќе се случуваат денеска во Собранието, полицијата ги затвори сите приоди кон законодавниот дом и се очекува така да биде до 17 часот, објави Слободен печат.

Пред извесно време од припадниците на МВР поставија кордон од полицајци, како и метални огради околу Парламентот, па така затворен е паркот „Жена Борец“, како и сите улици околу, а само се пропуштаат возила од делегациите и гостите кои ќе учествуваат на седницата за предлог-законот за ратификација за влез во НАТО.

Сите граѓаните се принудени да кружат доколку сакаат да стигнат до одредена локација, а за жал се уште има неинформирани кои чекаат нивниот автобус да помине на некоја од постојките на „Рекорд“.