Овен (21.03 – 20.04)
Делувате деконцентрирано бидејќи некој индиректно ве спречува да ги остварите своите деловни намери. Не трпите некој да ве понижува и не сакате да се помирите со строгите деловни режими. Ќе бидете склони на претерување во своите барања.
Бик (21.04 – 21.05)
Внимателно анализирајте го расположението на некој. Без оглед на големата упорност, не можете да ги наметнете своите практични решенија. Подобро да останете на слабо платената работа отколку да се зафатите за работа која не ја познавате и да бидете исвиркани.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некој ги поддржува вашите идеи, но тоа не претставува гаранција за деловниот успех. Потребно е да ги исполните сите зададени услови. Објаснувате некои правила и нешта кои вашата околина добро ги познава но не сака да ги прифати.
Рак (22.06 – 22.07)
Доколку постојат ситуации кои ги решавате со помал успех отколку вашите соработници, избегнувајте конфликт со лицето кое ви го наметнува своето конзервативно мислење. Премногу субјективно ги доживувате настаните во љубовниот живот.
Лав (23.07 – 22.08)
Површни сте и донесувате избрзани одлуки. Некој се обидува да ве заштити, но на вас како премногу да ви смета вниманието од некој, и тоа јасно го покажувате. Ситуацијата во вашиот дом станува прилично напната и полна со наталожени проблеми. Хедониста сте.
Девица (23.08 – 22.09)
Неочекуван пресврт на деловен план ќе ви го промени животот. Имате прилика да си го наплатите долгот. Опкружени сте со недоверливи лица. Партнерот се однесува чудно, што на вас ви создава сомнежи. Можни се проблеми со синусите.
Вага (23.09 – 22.10)
Премногу им верувате на некои колеги, па со самото тоа можете да направите некои грешки кои можат скапо да ве чинат. Прифатете го само фактот кој ви оди во прилог. Склони сте на конфликти во односите со партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Време е да почнете да работите на себе и да престанете да си барате маани. Можеби сериозен разговор со партнерот или со пријателите може да ви помогне да се опуштите. Партнерските односи ви се добри и чувствувате дека ништо не сакате да менувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Полека ви расте самодовербата и веќе не дозволувате да бидете виновни за сите неуспеси што ви се случуваат. Доколку сте осамени, на овој начин никогаш нема да најдете личност што ви одговара. Премногу сте обземени со некој кој не размислува за вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате строги критериуми и ве иритира нечија појава, површност или неодговорност при деловните средби. Размислувајте за промена на условите со цел да остварите подобар стандард. Посакувате поголема умереност на средбите со блиското лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате впечаток дека вашите зборови не претставуваат доволно силни аргументи на средбите со лицето кое одлучува за деловните интереси. Понекогаш е лесно да се занесувате и да не му давате доволно внимание на саканото лице. Слободно изразете го убавиот дел од вашата личност.
Риби (20.02 – 20.03)
Делувате како личност која своите деловни цели ги става над интересите на повеќето, така што ве очекуваат различни коментари и нечие негодување. Чувствувате емотивна празнина, но партнерот ќе ви ја поправи таа состојба.