Избегнувајте ризични ситуации, бидете мудри на средбата со соработниците – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

На вас ви останува да ги спроведете во дела идеите на некој или да ги претставите во позитивно светло. Обрнете внимание на деталите кои влијаат на завршните резултати. Посакувате ново емотивно задоволство. Ве облева романтичното расположение.

Бик (21.04 – 21.05)

Сеуште не сте целосно свесни што ве блокира. Интуитивно чувствувате дека морате да менувате многу нешта за да бидете вистинските вие. Редуцирајте ја исхраната и не претерувајте со алкохолот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Чувствувате замор и затоа реагирате поимпулсивно од вообичаено. Обидете се да се ослободите од некои дополнителни обврски, дадете малку поголем напор. Во комуникацијата со саканото лице не се возбудувајте премногу за ситници.

Рак (22.06 – 22.07)

Прифатете нечија сугестија. Важно е да ги пласирате идеите на вистинското место или во соодветното друштво. Немојте да донесувате избрзани заклучоци. Ако ве мачат емотивни дилеми, искрено разговарајте со саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)

Важно е правилно да ги разбирате соработниците и да ги почитувате основните правила во деловната соработка. Секој треба да го одработи својот дел од работата на најдобар начин и без претерано експонирање. Нема причина строго да го оценуате однесувањето на некој.

Девица (23.08 – 22.09)

Избегнувајте ризични ситуации, бидете мудри на средбата со соработниците. Нема потреба да и поставувате премногу прашања на личноста која има големо влјание во вашата околина. Делувате вознемирено, бидејќи не можете да прифатите нечија одлука.

Вага (23.09 – 22.10)

Постепено ќе ја обновувате соработката со оние кои во моментов ви се важни за работа. Вистински момент е да тргнете во акција и да ги завршите одложените обврски. Ќе сакате да постигнете повеќе отколку што можете.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немате причина да наседнувате на лажни ветувања и да ве восхитуваат лажни впечатоци. Проверувајте ги новите информации за деловните прилики и потрудете се да ги заштитите своите интереси. Чувствувате налет на емоции.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот за вас ќе биде суров, бидејќи неколку блиски лица многу добро ќе ве прочитаат. Ќе бидат откриени некои ваши лаги, па така ќе се најдете во незавидна позиција. Најдете начин да се извините, ама барем тоа нека биде искрено.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој се обидува да диктира правила за деловно однесување. Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што сте во ситуација да направите и затоа чувствувате непријатност. Во љубовниот живот многу нешта не се по ваша желба.

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој ве доведува до свршен чин или во непријатна ситуација и затоа избегнувајте го афективното однесување. Побарајте добар совет и заштитете ги вашите деловни интереси. Бидете внимателни при некоја средба и не дозволувајте да ве заведат нечии неискрени комплименти и манири.

Риби (20.02 – 20.03)

Заинтересирани сте за различни работи и се обидувате да го наметнете своето мислење пред соработниците. Ве привлекуваат деловните предизвици или можноста да ги пробате вашите способности под необични услови.