Изберете го клучот кој највеќе ве привлекува и откријте го своето вистинско лице

ИЗВОРНов Лист
|

Клучевите некогаш биле дел од магијата за љубов и успех, а заедно со книгите се користеле за потребите на пророштво. Затоа и денес постои верување дека можат да покажат многу работи. Изберете го клучот кој највеќе ве привлекува и откријте го своето вистинско лице.

Прв клуч – клуч на тројната божица

Овој клуч е алатка на тројната божица која дава рамнотежа во природата и светот. Таа претставува свет симбол на женското тројство – мајка, девица и старица. Ако го одбравте овој клуч, создадени сте за да создавате чуда. Секогаш ве следи среќа и како секогаш да сте на чекор до успехот. Единствено што треба да направите е да најдете рамнотежа меѓу повеќе аспекти во својот живот. Приземноста е решение за вашите проблеми.

Втор клуч – клуч на еросот

Сѐ што ви треба е љубов, а вие го одбравте овој клуч и тоа е најмоќна потврда за тоа. Ова е клуч на Ерос – богот на љубовта. Љубовта отвора врати, љубовта освојува се, љубовта е совршен лек за сите болести, а вие со својата љубов можете да ја отворите вратата на секој успех. Сте биле повредени од љубовта и тој тежок товар ве успорува. Сепак, морате да се ослободите од него за да продолжите понатаму. Сакате вистинска љубов која ќе ви даде крилја. Таа личност е многу блиску.

Трет клуч- клучот на Афродита

Ова е клуч на Афродита, божицата на убавина, љубовта и мирот. Вие копнеете за сето тоа. Во минатото ви се случија многу работи, но сега е време да се ослободите од тоа. Треба да го заборавите минатото, да не дозволувате да влијае на вас. Најдете време за себе. Одберете активности кои го поедноставуваат вашиот живот. Не размислувајте сложено и не анализирајте премногу.

Четврти клуч – клуч на друидот

Ова е клуч на Друидот. Украсен со келтски чворови, симболи кои значат живот и кои се меѓусебно поврзани. Она што треба да го сфатите е дека вие никогаш не сте сами. Секогаш сте поврзани со нештата околу вас. Можеби се чувствувате изгубено, но не заборавајте дека всушност тоа е патот до целта. Тишината и медитацијата можат да ви помогнат да го надминете чувството на напуштеност.

Петти клуч – клуч на кралевите

Овој клуч е најамбициозен. Ако го избравте него, тоа значи дека вие сте личност со јасни цели. Сепак не заборавајте да се забавувате. Не морате постојано да сте преоптеретени со целта. Не морате да го занемарувате уживањето во животот. Сепак и тоа е важно за среќа.