ИЗБРАН ЗА НАЈСЕКСИ МАЖ ЗА 2021 ГОДИНА: Половина свет во шок, половина воодушевен!

ИЗВОРНов Лист
|

Се надевам дека конечно ќе бидам поканет на вечери со Џорџ Клуни, Бред Пит и Мајкл Б. Џордан. Можеби ќе поминувам повеќе време на јахти, низ смеа ја прокоментирал својата нова титула овој познат шегобиец.

Американското списание People секоја година традиционално го избира најсексапилниот маж на светот, а овогодинешниот избор пријатно изненади многумина, а шокираше многумина.

Ласкавата титула ја понесе актерот Пол Рад, ѕвездата на франшизата на Марвел „Ant-Man“ и апсолутен миленик на социјалните мрежи.

“Доволно сум свесен за да знам дека луѓето ќе се изненадат кога ќе слушнат дека ме избра за ова. Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои требаше да ја освојат оваа титула пред мене”, рече 52-годишниот во интервју за People.

Обожавателите често на шега го нарекуваат вампир, со оглед на тоа што физички не се променил многу од 1995 година и неговата улога во култната комедија „Clueless“ која го прослави.

Тој призна дека воопшто не се чувствува како секси маж и дека неговата сопруга, телевизиската продуцентка Џули Јегер била шокирана кога слушнала за неговата нова титула.

“Отпрвин остана без зборови, но по малку смеа и шок само рече: Добар избор направија. Тоа беше убаво од неа. Веројатно не мислеше, но што друго ќе ми каже”, се пошегува. Пол, кој е во брак со Џули 18 години.

„Пријателите ќе ме исмеваат поради ова, но така треба. Ќе уживам во ова, ќе се правам важен. Ќе правам нови визит-картички. Но моите пријатели ќе ме уништат и токму тоа Очекувам од нив, затоа ми се пријател,. животот ми се менува поради оваа титула.