Избрани најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2021 година

|

Град Скопје со признанија за најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2021 година. Признанијата ги додели градоначалничката Данела Арсовска.

За своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста признанија добија Петруш Ѓорѓиевски- пожарникар спасител во територијалната противпожарна единица на Град Скопје- Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје.

Димитар Ристовски- полициски службеник во полициската станица за општа надлежност Кисела Вода- СВР Скопје и Илија Трајковски- крводарител кој до неговата 62 годишна возраст дарувал крв 113 пати.