„Изгледа ми се исполнува сонот“: Светската ѕвезда јавно и поласка на Елена Ристеска (фото)

|

Македонската пејачка Елена Ристеска има на што да биде горда и да се радува, посебно кога ќе добие комплимент од светска ѕвезда.

Имено, фотографија од Елена Ристеска се најде на профилот на мејк – ап линијата на Ријана, „FentyBeauty“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Нејзиниот шминкер, добро познатиот Даниел Николовски ја нашминка Елена со пудрата за порцеланска кожа на Fenty, која е од козметиката на Ријана.

Крајниот резултат тој го обележи со една фотографија која резултираше со објава на профилот на линијата на светската ѕвезда.

Ристеска овие убави вести ги сподели на својот „Инстаграм“ профил заблагодарувајќи се на Даниел и на  „FentyBeauty“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Елена доби комплименти од страна на нејзините фанови, но позитивни коментари доби и од следебениците на Ријана, а фотографијата за кратко време доби повеќе од 21 000 лајкови.

За потсетување, Ријана ја лансираше линијата „FentyBeauty“ во 2017 година, а за кратко време стана една од најпопуларните линии во светот.