Изгледа сите погрешно ги полниме мобилните, еве зошто батеријата брзо се троши

|

Производителите на мобилни телефони често „забораваат“ да ги информираат клиентите за правилното полнење на уредот, бидејќи тоа едноставно не им оди во прилог. Батериите во нашите смартфони имаат ограничен век на траење и доколку ги полниме неправилно, се јавуваат сериозни проблеми.

Повеќето луѓе го полнат телефонот во текот на ноќта додека спијат, а тоа всушност е голема грешка.

Полнењето на телефонот цела ноќ и оставањето на уредот на полнач, дури и кога ќе достигне 100 проценти на полнење, не е добро за батеријата бидејќи го забрзува процесот на нејзино слабеење.

Сепак, неизбежно е батеријата да ослабне со текот на времето, но ако продолжите да го полните телефонот вака, неговото просечно слабеење значително ќе се забрза. Сепак, „Google“ тврди дека ова е само застарено верување и дека смартфонот ќе го запре процесот на полнење кога батеријата ќе достигне 100%.

Тогаш како да го наполните телефонот?

Литиум-јонската батерија е најслаба ако ја чувате на 30 или 50 проценти полнење. „Samsung“ и „Apple“ се согласуваат дека најдобро е батеријата да биде наполнета до 50 отсто, бидејќи тоа ќе помогне да и се продолжи животниот век. Сепак, повеќето корисници на паметни уреди немаат можност да ја одржуваат батеријата на 30-50 проценти бидејќи на повеќето им е потребна за да трае што подолго, особено ако знаат дека некое време нема да имаат приклучок во близина. Најважно е батеријата да не се полни 100 проценти подолго време, затоа избегнувајте да го полните уредот во текот на ноќта.